Животните ќе се спасат од кафезите

Европската унија забранува одгледување животни во кафези до 2027 година. Оваа одлука директно ќе влијае на 300 милиони кокошки, свињи, крави, зајаци, патки, гуски и други животни кои се чуваат во лоши услови.

575

Европската комисија ќе предложи закон за постепена забрана за одгледување на животните во кафези. Одлуката беше поддржана од големо мнозинство членови на Европскиот парламент кон средината на јуни, а со потврда на ЕК, таа одлука стана официјална.
Комисијата наведува дека ќе предложи закон со кој постепено ќе се укине, а потоа на крајот ќе се забрани одгледување животни во кафези до 2027 година.

За одлуката се огласиле и „Пријателите на животните“ кои ја нарекоа оваа одлука „вест на векот“.






„Се сеќавате ли на нашата објава во средината на јуни дека парламентот на ЕУ гласаше за забрана за чување животни во кафези и дека забраната беше изгласана со големо мнозинство? Само за да знаете, го пишуваме ова со солзи во очите откако го погледнавме преносот во живо за време на онлајн состанокот со еврогрупата и останатите соборци од разни здруженија за заштита на животни.
Денес, таа одлука ја потврди Комисијата на ЕУ! Официјално е !!! “, напишаа тие.

„Сетете се на 30 јуни 2021 година, како ден за кој еден ден ќе се учи од учебниците по историја! Значи, за да бидеме прецизни, Комисијата на ЕУ се обврза постепено да ги укинува кафезите во сточарството низ ЕУ до 2027 година! Таа одлука директно ќе влијае на 300 милиони кокошки, свињи, крави, зајаци, патки, гуски и други одгледувани животни кои моментално не можат ни да се свртат заробени меѓу решетките.

Нашиот состанок мораше да биде прекинат, бидејќи од толку емоции, веќе никој не можеше да функционира нормално. Ова е најголемото нешто што се случи во нашите 20 години борба за животните… 170 здруженија за заштита на животни на европско ниво се дел од оваа неверојатна победа… “

Одлуката директно ќе влијае на 300 милиони кокошки, свињи, крави, зајаци, патки, гуски и други животни кои се чуваат во лоши услови.

Европскиот парламент и 27-те придружни влади на ЕУ мора да се согласат со регулативата, така што одделни држави ќе бидат одговорни за спроведување на правилата.

„Животните се живи суштества и ние имаме морална, општествена одговорност да осигуриме дека условите на фармата за животни го одразуваат тоа“, вели комесарот за здравство на ЕУ, Стела Киријакидес.

Стандардите на ЕУ за благосостојба на животните се меѓу највисоките во светот, иако повеќе од 90 проценти од одгледуваните зајаци во ЕУ се сместени во кафези, а во 2019 година половина од кокошките несилки се чуваа во кафези.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pexels

Поврзани содржини