ЖИВОТНИ ГО ИЗГРИЗАЛЕ ДО СМРТ Жител на гостиварско Форино бил пронајден мртов во штала

Според пријавата, Џ.Е. (83) бил паднат на земја и имал повеќе рани по телото, најверојатно нанесени од животни.

968

Повозрасен жител на гостиварското село Форино бил пронајден мртов со рани нанесени од животни во близина на добиточната фарма во атарот на селото Форино.

Од СВР Тетово информираат дека телото го пронашол неговиот син Р.Е. (48) вчера попладне во близина на штала која ја користел.






Според пријавата, Џ.Е. (83) бил паднат на земја и имал повеќе рани по телото, најверојатно нанесени од животни.

„Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар, а по насоки од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција“, наведуваат од СВР Тетово.

Поврзани содржини