ЖИВА ЗАПАЛЕНА СОПРУГАТА НА НЕПАЛСКИОТ ПРЕМИЕР Антивладини протести во Непал се претворија во трагедија

Стотина демонстранти упаднаа во зградата на парламентот и ја запалија, додека насилството се прошири и на домовите на високи политички лидери, предизвикувајќи смрт и масовни разрушувања во Катманду.

3,512

Сопругата на поранешниот премиер на Непал, Џале Нат Канале, трагично загина откако беше жива запалена, откако нејзиниот дом беше нападнат за време на насилните антивладини протести кои го погодија главниот град Катманду.

„Демонстрантите убија и тројца полицајци, кои претходно се предале, а ја запалија и зградата на полициската управа“, се наведува во извештаите од местото на настанот.






Претходно, зградата на парламентот и домовите на високи политички лидери беа мета на насилствата. Стотина демонстранти, кои протестираа против корупцијата, упаднаа во парламентот и го запалија, предизвикувајќи хаос и уништување на институциите.

Протестите и нападот врз парламентот почнаа вчера, откако непалската Влада на 4 септември ги блокира социјалните мрежи како Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб. Владата образложи дека компаниите не ги почитувале прописите, што го предизвика масовното незадоволство кај граѓаните.

Законот за социјални медиуми, што сѐ уште не е усвоен од парламентот, беше широко критикуван како алатка за цензурирање и казнување на оние кои ја изразуваат својата мисла преку интернет.

Во меѓувреме, демонстрантите го запалија и домот на актуелниот премиер на Непал, К. П. Шарма Оли, кој денеска поднесе оставка. Истовремено, беа запалени домовите на министерот за внатрешни работи Рамеш Лека, лидерот на Комунистичката партија на Непал Пушпа Камал Дахал, како и приватно училиште во сопственост на министерката за надворешни работи Арзу Деуба Рана.

Насилството ја потврдува длабоката политичка криза во земјата и укажува на растечкото незадоволство на граѓаните од владејачките структури и предложените закони кои се сметаат за ограничувачки за слободата на говорот.

📽️ УПАДНАА ВО ПАРЛАМЕНТОТ И ГО ЗАПАЛИЈА Хаос на улиците на Катманду, премиерот на Непал поднесе оставка

Поврзани содржини