ЖИТЕЛИТЕ СО ЛОПАТИ СЕ БОРАТ СО ПЛАМЕНИТЕ ЈАЗИЦИ Шумскиот пожар се доближува до Мршевци ВИДЕО

1,993

Жителите на Мршевци сами го гаснат пожарот што се заканува да ги зафати куќите во селото, а од видеото што го објави телевизија Канал 5 се гледа како мештаните со лопати се обидуваат да спречат огнот да се доближи до првите куќи во оваа село во Скопско.

Огнот, сведочат очевидци, почнал да се шири и кон соседното село Дељадровце, кое припаѓа на општина Куманово.






Од Центарот за управување со кризи и од Дирекцијата за заштита и спасување вечерва нема официјално известување, а Слободен печат објави дека утре рано наутро се очекува да дејствува армиски хеликоптер во гаснењето на овој пожар.

 

Поврзани содржини