Жителите на Горна Матка веќе три дена немаат вода за пиење

Замислете како ни е во овие пеколни температури да немаме вода за пиење и за лична хигиена, реагираат жителите на Горна Матка и на Долна Матка.

221

Во период кога во земјава е прогласена портокалова фаза поради екстремно високите температури, жителите во скопските населби Горна Матка и на Долна Матка веќе три дена немаат вода за пиење, реагираат мештаните на социјалните мрежи.

„Најверојатно е расипана главната пумпа, но проблемот се повторува секое лето. Сами си обезбедуваме вода од локалните продавници. Замислете како ни е во овие пеколни температури да немаме вода за пиење и за лична хигиена. Локалната и градската власт спијат и никој не се ангажирал да го реши проблемот“, реагираат жителите на Горна Матка и на Долна Матка.






Тие бараат од надлежните да одговорат и веднаш да преземат мерки за обезбедување вода за населението.

Поврзани содржини