Жители на Ново Маало: Проектот „Гранд“ е добар, посебно се радуваме што инвеститорот сака да изгради парк голем колку Плоштад Македонија

Жителите на Ново Маало најостро ги осудуваат најавите и барањата на некои невладини организации за стопирање на проектот.

1,868

По денешната јавна презенатација на проектот „Гранд“ за просторот спротив „Холидеј Ин“, се огласи група граѓани,  жителите на Ново Маало. Тие ја информираат јавноста дека целосно го поддржуваат презентираното.

„Драго ни е што инвеститорот најави целосно реализирање на сите обврски кон нас и очекуваме реализацијата на овој проект да почне во најбрз рок. Од она што го видовме денес, може да се заклучи дека просторот целосно се уредува, а посебно е за поздравување најавата за изградба на голема зелена површина со фонтана во средината на паркингот, со големина колку Плоштад Македонија. Ова исто така бараме да се реализира и општината да даде согласност инвеститорот да го спроведе како што најави на презентацијата. Ова ќе значи ново зеленило и уреден јавен простор, практично уште еден плоштад но со многу зеленило“, се вели во обраќањето.

Жителите на Ново Маало најостро ги осудуваат најавите и барањата на некои невладини организации за стопирање на проектот.

„Тие немаат право да одлучуваат за тоа како ние ќе живееме и заради неразумни барања да останеме да живееме во услови од 19 век. Овој план е добар, има многу јавен простор и места кои ќе бидат на сите граѓани“, велат граѓаните.

Тие утре во 14 часот ќе одржат конференција со медиуми на паркингот пред „Холидеј Ин“, на кој ќе ги обелоденат нивните ставови и проблемите со кои се соочуваат повеќе од 50 години.

Поврзани содржини