ЖИТЕЛ НА БОГОВИЊЕ НЕЛЕГАЛНО ПРИРЕДУВАЛ ИГРИ НА СРЕЌА Полицијата го откри и му подготвува пријава
Според полицијата тој нелегално приредувал игри на среќа преку интернет страница.
Полицијата ноќеска го уапси С.М. (40) од село Боговиње, тетовско поради сомнение за сторено кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно без дозвола на надлежен орган”.
Според полицијата тој нелегално приредувал игри на среќа преку интернет страница.
„При преглед во неговиот мобилен телефон била пронајдена веб страница за приредување игри на среќа, на која имало регистрирано повеќе корисници, а на која тој бил заведен како администратор“, наведе полицијата.
Тој бил задржан во полициска станица и му бил одземен телефонот.
Полицијата најави дека по целосно документирање на случајот ќе поднесе соодветна пријава.