ЖЕСТОКА ТЕПАЧКА ВО КИЧЕВО Две жени нападнале други две жени, заиграле и тврди предмети
Полицијата поднела кривична пријава против А.И. (52) и А.И. (27), двете од Кичево, кои се сомничат за сторено кривично дело „насилство“. Тие, според пријавата, физички ги нападнале С.П. и Ј.Д., користејќи тврди предмети при нападот.
Кичево повторно во медиумите – овој пат поради несекојдневна пресметка меѓу две групи жени, кои очигледно имале нeрасчистени сметки и решиле да ги „израмнат“ сметките во двор од семејна куќа.
Според информациите што ги сподели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, тепачката се случила во двор од куќа на С.П. во Кичево. Таму, по претходна расправија, дошло до физичка пресметка меѓу две жени на една страна и уште две на другата.
Полицијата поднела кривична пријава против А.И. (52) и А.И. (27), двете од Кичево, кои се сомничат за сторено кривично дело „насилство“. Тие, според пријавата, физички ги нападнале С.П. и Ј.Д., користејќи тврди предмети при нападот.
Во билтенот на СВР Охрид се наведува дека инцидентот не бил само вербален, туку преминал во вистинска физичка пресметка, со сериозни елементи на насилство. Причините за расправијата не се соопштени, но очигледно страстите биле доволно зовриени за да се влезе во отворен конфликт.
Надлежните велат дека случајот е целосно документиран и предаден на надлежното обвинителство за понатамошна постапка.