ЖЕШКО УТРО, НЕВРЕМЕ ПОПЛАДНЕ Температурите ќе стигнат до 35 степени, локално се очекуваат пороен дожд и град
Температурите ќе се искачат до 35 степени, но во повеќе делови од земјата се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално и појава на град.
Сончево и топло време со температури до 35 степени ќе преовладува во Македонија, но во текот на денот на места се очекува развој на нестабилност, која локално може да прерасне во невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и град.
Според прогнозата на метеоролозите, ќе има мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 14 степени во Берово до 22 степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе достигнат од 30 степени во Берово до 35 степени во Гевгелија.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, но во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.
Тоа може да биде проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а температурата ќе се движи од 21 до 35 степени.
Во четврток повторно се очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.
На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 12 до 20 степени, а максималните од 26 до 33 степени.
Според прогнозата на УХМР, во петок ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
На места повторно ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе бидат од 11 до 19 степени, додека дневните ќе се движат од 28 до 36 степени.