ЖЕШКА ТОПКА ОД ЛАВА ФАТЕНА НА КАМЕРА Вулкан на Ла Палма испушта „бомби“ од 900 степени (ВИДЕО)

„Лава бомбите“ се многу опасни, бидејќи како проектили многу лесно можат физички да го уништат предметот на кој паѓаат и да предизвикаат пожар. На пример, во 2018 година, „лава бомба“ со големина на баскет удри во туристички брод крај брегот на Хаваите, при што беа повредени околу дваесет луѓе, а четворица завршија во болница.

424

Речиси месец и половина вулканот Кумбре Виеја не престанува да „пали и гаси“ на шпанскиот остров Ла Палма. Вулканот постојано исфрла магма од длабочините на Земјата, па таканаречените „лава бомби“ не се невообичаени, пишува Блиц.

Геохемичарот Хари Гајгер од германскиот универзитет Алберт-Лудвиг моментално ја истражува ерупцијата на Кумбре Виеја на Палма со меѓународен тим научници. За време на едно од истражувачките патувања во близина на отворот на вулканот, биле изненадени од „лава бомба“ која со голема брзина се тркалала по падината.

 






Кога топката престанала да се тркала, Гајгер и неговите колеги се приближиле до тркалезно парче карпа со дијаметар од околу еден метар. И покрај релативно малите димензии, парчето тежело околу половина тон (петстотини килограми).

По поблиска проверка, научниците почувствувале дека карпата зрачи топлина од јадрото, чија температура е повисока од 900 степени Целзиусови.

„Лава бомбите“ се многу опасни, бидејќи како проектили многу лесно можат физички да го уништат предметот на кој паѓаат и да предизвикаат пожар.

На пример, во 2018 година, „лава бомба“ со големина на баскет удри во туристички брод крај брегот на Хаваите, при што беа повредени околу дваесет луѓе, а четворица завршија во болница.

По фотографиите од куќите проголтани од лава, деновиве од шпанскиот остров Ла Палма пристигнуваат поневеројатни сцени – неколку куќи сега се покриени со огромно количество пепел од вулканот кој еруптираше на островот пред месец и половина.

Количината на пепел е толку голема што некои куќи во подножјето на вулканот воопшто не се видливи, а пепелта е на улиците или пред вратите на некои згради, блокирајќи ги влезовите.

Поврзани содржини