ЖЕНСКИ „ВОЈНИЧКИ“ ПРИКАЗНИ Кога првото одење по голема нужда е потешко од породувањето

Да станете мајка за првпат е прекрасно, но и збунувачко искуство. Многу жени дури во бременоста и по неа учат многу за своето тело, а многу од промените што се случуваат се сметаат за табу теми. На пример, првото одење по голема нужда откако ќе се породите…

196

Во минатото ретко се зборуваше за некои телесни функции кои се менуваат во текот на бременоста и по породувањето, а една од нив беше движењето на дебелото црево.

На пример, се сеќавам дека јас, иако знам дека звучи неверојатно, се породив само 10 минути откако стасав во болница, а веста за раѓањето на син ми до моето семејство стаса пред да успее мојот сопруг да се врати дома откако ме остави во болница. Речиси и немав болки, па моето искуство со раѓањето е едно од ретките за кои сум слушнала, а да не вклучува неколкучасовно или уште полошо, неколкудневно мачење додека бебето да се појавина овој свет. Но затоа првото одење по голема нужда, беше моето „породување“.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини