„ЖЕНСКИ РИТАМ“ НА ЈУТЈУБ Втората сезона на dm поткастот со одговори за дилемите на современата жена

Во првата епизода, која веќе е достапна на YouTube каналот на dm дрогерие маркт, гостуваат јога инструкторката Лејла Рамковска и фитнес тренерот Даниел Трбогазов.

47

Долгоочекуваната втора сезона на dmPodcast-от „Женски ритам“ е конечно тука и овојпат носи одговори на некои од најважните, суштински прашања и предизвици со кои се соочува жената во современиот свет.

Во новите шест епизоди, модераторката Живкица Каленикова ќе разговара со 12 специјално одбрани гости – експерти во своите области, со кои ќе ги отвори темите за женско и менструално здравје, грижа за себе, истрајност и ментално здравје, меѓу другите.






Откако во првата сезона го воспостави тонот и даде одговор на некои од прашањата кои најчесто се поврзуваат со жената и со женското здравје, поткастот „Женски ритам“ во втората сезона ќе нурне малку подлабоко во важните теми и ќе понуди мислења, но и совети, кои со сигурност ќе им помогнат на гледачите подобро да се разберат себеси, но и жените околу нив.

Во првата епизода, која веќе е достапна на YouTube каналот на dm дрогерие маркт, гостуваат јога инструкторката Лејла Рамковска и фитнес тренерот Даниел Трбогазов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by dm_makedonija (@dm_makedonija)

Секоја од наредните епизоди ќе биде на различна тема и ќе бидат опфатени повеќе аспекти на женското здравје, како влијанието на стресот на целокупното здравје, наоѓањето на време за одмор помеѓу купот обврски, очекувањата на општеството и како тие влијаат на самодовербата, но и менструалното здравје – тема која е секојдневно присутна во приказната на dm преку Bestie и проектот „Никогаш повеќе сама“.

Здравјето на жените е многу повеќе од само физичкото отсуство на проблеми и болки, туку тоа мора да ги обедини физичката и психичката благосостојба. Токму затоа dm го одбра слоганот „Ајде да зборуваме за женското здравје“, со цел да ги поттикне луѓето отворено да зборуваат за важните работите кои честопати се игнорираат или избегнуваат, поради недостаток на поддршка од јавноста.

„Женски ритам“ е местото каде ваквите дискусии се на прво место и го добиваат вниманието кое го заслужуваат. Овој поткаст има за цел да ја подигне свеста за темите поврзани со жената во современиот свет, да ја разбие стигмата околу женското здравје и да создаде отворен простор за дискусија во кој ќе бидат вклучени гинеколози, дерматолози, нутриционисти и психолози, кои преку споделување на нивните знаења и искуствa ќе дадат значаен увид во состојбите и можностите на жените во денешницата во која живееме.

Нека започне разговорот!

Поврзани содржини