Жените повеќе не ставаат кармин
Од јануари до јуни годинава продажбата на ружот за уста е намалена за 60 отсто, а истовремено за 30 отсто помалку се продавала и шминката за очи отколку лани во истиот период.
Најновото истражување на глобалната фирма за испитување на јавното мислење, покажува дека поради мерките на ограничување во време на пандемија драстично опаднало купувањето на козметичките производи, пред се на шминките за лице.
Како штп пренесува дневниот весник „Il Manifesto” купувањето кармин опаднало за 24 отсто на светско ниво, а продажбата на шминка се намалила за 10 отсто.
Оваа разлика, според авторот на текстот може да се објасни и со фактот дека под заштитната маска карминот на устата може да предизвика само штета, да се размачка по лицето и да ја извалка маската, а накарминираната уста и онака не се гледа.
За козметиката најлоши биле месеците на целосен карантин.
Од јануари до јуни годинава продажбата на ружот за уста е намалена за 60 отсто, а истовремено за 30 отсто помалку се продавала и шминката за очи отколку лани во истиот период.