ЖЕНИ СЕ САМО ОНИЕ РОДЕНИ КАКО ЖЕНИ, ОДЛУЧИ БРИТАНСКИОТ СУД Во Британија се прави разлика меѓу биолошки пол и полов идентитет

Концептот на полот е бинарен, личноста е или машко или женско, се вели во пресудата долга 88 странци.

1,497

Жени се само оние родени како биолошки жени, пресуди Врховниот суд во Велика Британија во случајот поднесен од шкотското здружение „За жените Шкотска“.

Со пресудата ефективно се изрекува дека поимите жена и пол во Законот за еднаквост од 2010 година се однесуваат исклучиво на биолошки пол, а не на законски признат пол врз основа на полов идентитет, јавува Би-Би-Си.






Ова има последици во примената на законот особено во контекст на посебни простории и услуги наменети исклучиво за жени, како што се безбедни куќи, женски затвори и спортски натпревари.

„Концептот на полот е бинарен, личноста е или машко или женско. Иако зборот биолошки не е експлицитно споменат, значењето и јазикот на Законот јасно укажуваат на биолошките карактеристики што го дефинираат полот“, образложија судиите лорд Хоџ, леди Роуз и леди Симлер во пресуда долга 88 страници.

Судот, сепак, предупреди дека оваа одлука не треба да се толкува како победа на една социјална група над друга. Во пресудата се вели дека законот предвидува заштита и на лицата со сменет пол, но ги третира како посебни категории.

Поврзани содржини