ЖЕНАТА КОЈА ГО ОБВИНИ ПРИНЦОТ ЕНДРЈУ ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД Е ПОВРЕДЕНА ВО СООБРАЌАЈКА Објави дека ѝ остануваат уште 4 дена живот
Настана бубрежна инсуфициенција, ми рекоа дека ми остануваат уште четири дена живот. Ме префрлаат во специјална болница за урологија. Подготвена сум да заминам, само сакам да ги видам моите деца уште еднаш. Но, знаете што велат за желбите, напиша Вирџинија Џуфре, жената која го обвини британскиот принц Ендрју за сексуален напад.
Вирџинија Џуфре, жената која го обвини британскиот принц Ендрју за сексуален напад, објави дека „ѝ остануваат уште четири дена живот“ по сообраќајна несреќа. На Инстаграм таа напиша дека била „во возило во коешто удрил училиштен автобус со брзина од 70 милји на час“, на кривина.
„Настана бубрежна инсуфициенција, ми рекоа дека ми остануваат уште четири дена живот. Ме префрлаат во специјална болница за урологија. Подготвена сум да заминам, само сакам да ги видам моите деца уште еднаш. Но, знаете што велат за желбите. По**ри се во едната рака, а со другата посакај желба, на крајот ќе ти останат само г**нариите. Ви благодарам на сите прекрасни луѓе на светот, и што сте одличен дел од мојот живот. Бог да ве благослови сите, (бакнежи), Вирџинија“, гласи објавата на Џуфре.
Таа, инаку, го тужеше принцот Ендрју за сексуален напад во август 2021 година. Се тврдеше дека имал секс со неа кога имала 17 години, што, како што таа вели, го договорил неговиот пријател, милијардерот Џефри Епстин.
Принцот во неколку наврати ги отфрли обвинувањата, а против него не беше поднесена кривична пријава. Во март 2022 година, имено, Џуфре и Ендрју постигнаа вонсудска спогодба.
Вирџинија Џуфре пристигнала во куќата на Епстин откако била „регрутирана“, т.е. привлечена од неговата помошничка Гислајн Максвел, која ѝ ветила помош во обуката како масерка. Вирџинија тврдеше дека на 16-годишна возраст била заробена од педофил и во тоа време немала поддршка од семејството. Епстин, се вели, сексуално ја експлоатирал и ја подведувал кај неговите влијателни пријатели, вклучувајќи го и принцот Ендрју.
Според неа, таа излегла од тој свет откако ги убедила Епстин и Максвел да ја испратат во Тајланд за да научи тајландска масажа. Таму го запознала сегашниот сопруг, кој набргу ја запросил и се преселиле во Австралија.
Пред да замине во Тајланд, Максвел ѝ понудила на Џуфре да го роди детето што го носела и да ѝ го додели старателството нејзе и на Епстин.