Жена загина во силното невреме што ја погоди Белорусија
Во Минск се поплавени улици, а автобуси и автомобили мора да се извлекуваат од водата. Пожарникарите работат без прекин за да помогнат во расчистувањето на блокираните улици.
Најмалку едно лице загинало, а повеќе стотина села останале без струја поради невремето кое ја зафати Белорусија, соопшти власта од таа земја.
Жена загинала во невремето синоќа кога на неа паднало стебло во селото југозападно од главниот град Минск. Невремето откорна многу дрвја, се вели во соопштението.
Засега нема информации дали има други загинати.
На фотографиите од Минск се гледаат поплавени улици, а автобуси и автомобили морало да се извлекуваат од водата. Пожарникарите работат без прекин за да помогнат во расчистувањето на блокираните улици.
meanwhile in Minsk pic.twitter.com/9ApsBfViKL
— урбанистическая пьеса (@losttol) June 27, 2021