ЖЕНА ЗАГИНА ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО СОЛУН Планирала бомбата да ја постави на банкомат
Триесет и осумгодишна жена е убиена во експлозија во Солун рано утрово, соопшти полицијата.
Беше наведено дека истрагата е во тек, но дека жената веројатно носела експлозивна направа, која имала намера да ја постави на банкомат.
„Нешто тргна наопаку и експлодираше во нејзините раце“, изјави неименуван полициски службеник за Ројтерс.
Експлозијата се случи околу 5.30 часот утрово, предизвика штета на излозите на соседните продавници, како и на возилата паркирани во близина.
Очевидци за грчките медиуми рекоа дека експлозијата била многу силна.
Полицијата објави дека жената отпорано им била позната на властите како учесничка во неколку грабежи и се истражува дали била поврзана со екстремистички левичарски групи.