Жена загина, а тројца се тешко повредени по пад на автомобил во реката Пена
По наредба на јавен обвинител телото на починатата е пренесено во Клиничката болница во Тетово - Оддел за Судска Медицина за да се изврши надворешен преглед од доктор.
|Жена почина, а три лица се повредени откако автомобилот во кој се возела падна во реката Пена во Тетово.
Полицијата соопшти дека несреќата се случила синоќа на локалниот Тетово- Бањиче кога патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ш.Г.(32) од с.Лисец излетало од патот во коритото на река Пена.
„Во незгодата од здобиените повреди на лице место починала сопатничката М.К.(44) од Тетово, а смрт е констатирана од доктор од итна медицинска помош. По незгодата со возило на итна медицинска помош, Ш.Г. и сопатниците Ш.К.(19) од Тетово кај која од доктор се констатирани тешки телесни повреди и Б.Е.(34) од Гостивар се пренесени во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош“, соопшти полицијата.
Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.
По наредба на јавен обвинител телото на починатата е пренесено во Клиничката болница во Тетово – Оддел за Судска Медицина за да се изврши надворешен преглед од доктор.