Жена во Австралија почина по вакцинација со АстраЗенека
Регулаторната агенција соопштила дека 48-годишна жена по вакцинацијата добила згрутчување на крвта и починала и дека веројатно постои врска помеѓу нејзината смрт и вакцинацијата.
Австралиските власти информирале денеска за прв смртен случај во земјата по вакцинација со АстраЗенека.
Регулаторната агенција соопштила дека 48-годишна жена по вакцинацијата добила згрутчување на крвта и починала и дека веројатно постои врска помеѓу нејзината смрт и вакцинацијата.
Ова е трет случај на создавање на згрутчување на крвта по вакцинација со АстраЗенека во Австралија, со тоа што другите две лица се добри и закрепнуваат, пишува Ројтерс.
Жената од Нов Јужен Велс се вакцинирала со вакцина на АстраЗенека на 8 април, на денот кога Владата објавила дека би било добро лицата помлади од 50 години да се вакцинираат со вакцината на Фајзер.
Жената имала дијабетес.
Австралиската Агенција за испитување на безбедноста на вакцините навела дека во овој момент, поради недостиг на други можни причини за создавање на згрутчување на крвта, би требало да се претпостави причинската врска со вакцинацијата.