ЖЕНА ПОВРЕДЕНА ВО ГЛАВА, ГРАЃАНИ СО СКРШЕНИЦИ Во Ургентниот центар биле примени 11 лица повредени при невремето

На Клиниката за трауматологија е хоспитализиран и пациент со скршеница на левата потколеница, додека пациентка со скршеница на левиот рачен зглоб, по укажаната медицинска помош, е пуштена на домашно лекување.

0

Вкупно 11 пациенти биле примени во Ургентниот хируршки центар по невремето што вчера го зафати Скопје, од кои тројца се здобиле со тешки телесни повреди, а осум со полесни телесни повреди.

Како што информира за МИА директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџановски, една пациентка со повреда на главата и фрактура на десната потколеница е задржана на понатамошно лекување на Клиниката за неврохирургија.






На Клиниката за трауматологија е хоспитализиран и пациент со скршеница на левата потколеница, додека пациентка со скршеница на левиот рачен зглоб, по укажаната медицинска помош, е пуштена на домашно лекување.

Поврзани содржини