📽️ ЖЕНА ПОБЕГНА НИЗ ПРОЗОРЕЦОТ ОД ПОЛИЦИСКИ АВТОМОБИЛ Ниту лисиците на рацете не ја спречија во намерата

Целиот инцидент го снимил минувач. Таа успеа со лисици на рацете кои и биле зад грб да се протне од прозорецот и да скокне од возилото, а потоа и да избега.

0

Идентитетот на жената сè уште не е објавен, но таа стана ѕвезда на социјалните мрежи откако избега низ прозорецот на полицискиот автомобил кратко по апсењето.

Целиот инцидент го снимил минувач. Таа успеа со лисици на рацете кои и биле зад грб да се протне од прозорецот и да скокне од возилото, а потоа и да избега.






Полицијата, која во тој момент стоела во близина, дури и не забележала што се случило бидејќи пребарувала друго возило.

Еден од полицајците потоа се приближил до возилото и затропал на задниот прозорец, каде што била уапсената жена. Сфатил дека не е во автомобилот и започнал потрага.

Според последните информации, таа не била пронајдена.

 

Исто така во саботата, жител пријавил дека некој се обидел да влезе во неговиот дом околу 17 часот. Полицијата се сомнева дека избеганата жена го сторила злосторството бидејќи кражбата се случила помалку од еден час откако таа избегала.

Таа беше уапсена откако полицаец го пронајде возилото паркирано во близина на напуштен деловен објект.

Тој се приближил до автомобилот и го идентификувал возачот, но не можел да ја идентификува патничката. Подоцна била идентификувана со помош на скенер за отпечатоци од прсти и било утврдено дека ги прекршила условите на условната слобода.

Сега таа се соочува со дополнителни обвиненија за бегство од полиција и провала.

Поврзани содржини