ЖЕНА ПАДНАЛА ВО АВТОБУС НА ЈСП И ТЕШКО СЕ ПОВРЕДИЛА Била на возраст од 84 години
Телесните повреди биле констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“
Во СВР Скопје вчера изутрина, во 8:15 часот било пријавено дека во автобус на ЈСП на булеварот „Видое Смилевски Бато” паднала патничката Н.Ј.(84) од Скопје, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.