ЖЕНА ОД 4. КАТ ПАДНАЛА НА БАЛКОНОТ ОД 3. КАТ, СЕ ВРАТИЛА ДОМА И ПАК ПАДНАЛА Сопругот е уапсен, грчката полиција го истражува случајот
Според полицијата во Грција, Украинката прво паднала на балконот на 3. кат, а според некои извештаи, нејзиниот пад го ублажила тенда.
Грчката полиција истражува необичен случај кога жена два пати падна од балкон на зграда во Маруси, предградие на Атина.
Жената прво од 4. кат паднала на балконот од станот подолу на 3. кат, а потоа се вратила во својот стан и повторно паднала од друга тераса, овој пат на паркингот.
27-годишната жена од Украина е пренесена во болница со сериозни повреди и е во критична состојба по операцијата, а нејзиниот 29-годишен сопруг, по потекло од Русија, веднаш е уапсен поради сомнеж за семејно насилство.
Настанот се случи во неделата вечерта.
Според полицијата во Грција, Украинката прво паднала на балконот на 3. кат, а според некои извештаи, нејзиниот пад го ублажила тенда. После тоа, и покрај шокот, жената се вратила во станот, а нејзиниот сопруг повикал приватна брза помош.
Меѓутоа, набргу потоа, жената повторно од друг балкон паднала на бетонската подлога на паркингот пред зградата.
Покрај нејзиниот сопруг, во полициската станица во Маруси била испрашана и 65-годишната жена која живее во станот на чиј балкон прво паднала Украинката.
Истражителите разгледуваат повеќе можни сценарија, вклучувајќи обид за самоубиство, несреќен случај или евентуално кривично дело. Случајот во грчките медиуми е оценет како еден од најневообичаените во последниот период.