ЖЕНА ЌЕ ТРЧА ЗА ЛЕВИЦА ВО АЕРОДРОМ Весна Кираџиева е шесткратна шампионка во маратон

Кираџиева ќе се погрижи да се реафирмираат руралните средини на Аеродром, а ќе им обрне внимание на жените и нивните права, како и на лицата со посебни потреби.

4,817

Шесткратна шампионка на Македонија во маратон, а дипломиран криминалист за Факултетот за безбедност. Запознајте ја Весна Кираџиева, која ќе трча за „Левица“ во Општина Аеродром, жена која ќе се бори за „разумен урбанизам“, за еднакви можности за сите и мерит-систем, велат во соопштение од партијата.

Кираџиева 20 години се занимава со атлетика, а била и во организацијата на „Виз Ер Скопски Маратон“, на „Авицена Женска трка“ и на „Халк Еко Скопје Трча“, волонтирала во Центарот за оспособување на деца со посебни потреби „Јанез Левец“ во Љубљана и е претседателка на АК „Индјуренс“.






Кираџиева ќе се погрижи да се реафирмираат руралните средини на Аеродром, а ќе им обрне внимание на жените и нивните права, како и на лицата со посебни потреби. Повеќе за нејзе може да се прочита на следниот линк.

Поврзани содржини