ЖЕЛКА СНИМЕНА КАКО УБИВА И ЈАДЕ ПТИЦА Никој не знаеше дека го прават тоа (ВИДЕО)
Тоа што ги изненадило научниците е дека спремноста на желката сугерира дека веројатно таа го правела ова и порано.
Бајката на Езоп за желката и зајакот нѐ учи дека самозадоволството е опасна работа бидејќи желката „бавно, но сигурно победува во трката“. Епа сега една нова видео-снимка ја пренесува истата порака, но со малку пострашен крај, пишува IFL Science.
Видео снимено од истражувачи на Сејшелите ни покажува како желка убива и јаде мало пиле од морски галеб.
Видете и самите колку е тоа изненадувачко.
Беше ли ова случајно? Убиството стана фокус на преписката објавена во списанието „Тековна биологија“, во која дел од истражувачите тврдеа дека ова мало пиле не е ниту првата, ниту последна птица која умрела при ударот од желка.
На видеото, гледаме возрасна женска желка која покажува особен интерес за пиле кое е заглавено во трупец од дрво.
– Гледаше директно во тревата и намерно се движеше кон пилето. Ова беше многу, многу чудно и тотално различно од вообичаеното однесување на желките – вели Џастин Герлах, директор за биолошки студии на Универзитетот во Кембриџ, за медиумите.
Тоа што ги изненадило научниците е дека спремноста на желката сугерира дека веројатно таа го правела ова и порано.