ЗГРУТЧУВАЊЕ НА КРВТА Многу поверојатно е дека ќе го предизвика короната, одошто вакцината!

По инфекцијата, пациентите со корона покажале 14 пати зголемен ризик од тромбоцитопенија (низок број на тромбоцити во крвта), во споредба со ризикот од 1,33 пати по вакцината „АстраЗенека“. За венски тромбоемболизам (згрутчување на крвта во вените), ризикот бил 13,78 пати по инфекцијата со корона, во споредба со само 1,1 пати по вакцината. Конечно, за артериска тромбоемболија (згрутчување во артериите), ризикот бил 6,55 пати по голем за инфицираните со корона, во споредба со 1,06 пати за вакцинираните.

639

Огромна студија во која биле тестирани над 29 милиони луѓе открила дека 14 пати поверојатно е вашата крв да се згрутчи многу поверојатно од инфекција од корона, одошто од вакцините „Фајзер“ или „Астра Зенека“. Ризикот од смрт или несакани последици по примањето на вакцина е неверојатно мал за разлика кај луѓето кои прележале корона, пишува IFL Science.

Истражувањето објавено во BMJ кое било спроведено од Универзитетот во Оксфорд во соработка со други универзитети во Велика Британија во периодот од минатиот декември до април годинава им ги помати водите на антиваксерите. Но, научниците не ја отфрлаат можноста за несакани ефекти и од вакцинирањето. После сѐ, оваа студија треба токму да ни помогне да ги разбереме смртните случаи во светот кои се случија откако некои поединци беа вакцинирани.






„Луѓето треба да бидат свесни за овие зголемени ризици по вакцинацијата против корона и веднаш да побараат медицинска помош доколку развијат симптоми, но исто така да бидат свесни и дека ризиците се значително повисоки во подолг временски период ако се заразат со САРС-КоВ-2 “, пишува Јулија Хипсли-Кокс, професорка по клиничка епидемиологија и општа пракса на Универзитетот во Оксфорд и главен автор на студијата.

Последиците по вакцинирањето, најчесто не се од самата вакцина

Од 29 милиони учесници во експериментот, 19,6 милиони ја примиле вакцината „АстраЗенека“, 9,5 милиони ја примиле “Фајзер“, а 1,75 милиони биле невакцинирани луѓе кои се позитивни на корона. Од сите вакцинирани лица, 122.475 биле примени во болница со некаква форма на васкуларни или хематолошки последици по вакцината, а 8.456 починале, 28 дена по убодот.

Важно е да се напомене дека овие настани не се директно поврзани со вакцината и се снимање на специфични настани по доза. Некои пациенти имале претходни состојби што можеле да влијаат на резултатите.

Се чини дека и двете вакцини се слични во ризик, при што вакцината „АстраЗенека“ е малку повисока во некои реакции, а „Фајзер“ претставува поголем ризик за добивање на исхемичен мозочен удар или „друг редок артериски тромботичен настан“.

До 14 пати повисок ризикот за тромбоза кај позитивните невакцинирани пациенти

Сепак, короната носеше значително поголем ризик од истите настани. По инфекцијата, пациентите со корона покажале 14 пати зголемен ризик од тромбоцитопенија (низок број на тромбоцити во крвта), во споредба со ризикот од 1,33 пати по вакцината „АстраЗенека“.

За венски тромбоемболизам (згрутчување на крвта во вените), ризикот бил 13,78 пати по инфекцијата со корона, во споредба со само 1,1 пати по вакцината. Конечно, со артериска тромбоемболија (згрутчување во артериите), ризикот бил 6,55 пати по голем за инфицираните со корона, во споредба со 1,06 пати за вакцинираните.

Во комбинација, овие резултати истакнуваат значајна предност при примањето на вакцината во споредба со заразувањето со вирусот, но им даваат увид на истражувачите за какви било негативни настани кои вакцината може да ги предизвика.

„Вакцинирајте се за да ја спречиме тромбозата“

„Оваа огромна студија, користејќи податоци за над 29 милиони вакцинирани луѓе, покажа дека постои многу мал ризик од згрутчување и други нарушувања на крвта по првата доза на вакцинација против корона. Иако е сериозен, ризикот од истите овие резултати е многу поголем по САРС-КоВ-2 инфекција “, пишува Азиз Шеик, професор по истражување и развој на примарна нега и директор на Институтот Ашер на Универзитетот во Единбург и коавтор на трудот, во изјавата.

Професорот Шеик смета и дека вакцината е начин како да го избегнеме згрутчувањето на крвта.

„Рамномерно, оваа анализа затоа јасно ја нагласува важноста од вакцинирање за да се намали ризикот од овие згрутчување и крварење кај индивидуите, и поради значителната придобивка за јавното здравје што ја нудат вакцинациите против корона“, заклучува Шеик.

Поврзани содржини