ЗГРАДИ И БУЛЕВАР ЌЕ НИКНАТ ВО СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ! Скандалозен и криминален ДУП, алармира ВМРО-ДПМНЕ

Од партијата повикаа граѓаните во петок во 13 часот да се соберат пред општина Карпош и да го спречат донесувањето на деталниот урбанистички план за тој дел од градот.

1,780
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека градските власти преку урбанистички решенија изградба на улица и регулација на реката Вардар сакаат да го осквернават Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Од партијата повикаа граѓаните во петок во 13 часот да се соберат пред општина Карпош и да го спречат донесувањето на деталниот урбанистички план за тој дел од градот.





Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција денеска обвини дека градоначалниците на Град Скопје Петре Шилегов и на општина Карпош Стефан Богоев преку новиот деталниот урбанистички план за делот на градот кај Спортскиот центар планираат да пренаменат повеќе од 10.000 метри квадратни простор за изградба на улица и згради.
Шилегов со помош на Богоев проектира нов булевар, кој треба да поминува директно низ картинг-центарот и тениските терени, како и терасата на базенот во рамки на спортскиот центар. Со оваа улица ќе се уништат повеќе од 10.000 метри квадратни корисна површина. Тениските терени, на пола пресечени со улицата, ќе бидат целосно бескорисни – рече Андоновски.
Тој информира дека булеварот со стариот ДУП бил планиран надвор од границите на Спортскиот центар.
– Заради градежни интереси, а тоа е зголемување на маркицата за градење на соседната парцела, Шилегов вцртува пат директно низ спортскиот центар и директно ги уништува картинг сталата, четирите тениски терени, како и летната тераса на базенот, сите државни објекти сопственост на спортскиот центар со имотен лист. Децата и младите од спортските клубови и од базенот ќе излегуваат директно на прометен булевар – вели Андоновски.

Тој рече дека со планот во просторот на тениските игралишта се планира изградба на згради.
– Дали ова значи дека некој ќе си ја зголеми сопствената парцела со државен имот од највисоко значење – спортско значење? На тој простор ќе се градат огромни згради. Бетонска џунгла наместо спорт – рече тој.

Андоновски соопшти дека Град Скопје планира да ја промена на намената на арената и базенот.
-Тие според овој план стануваат објекти од деловна намена, повторувам со деловна намена. Нема повеќе спорт во „Борис Трајковски“, ќе има бизнис и негово свесно уништување. Негативниот ефект се неколку милиони евра од инвестицијата во тениските терени изградени од Агенцијата за млади и спорт, летната тераса на базенот позната на сите скопјани и огромниот паркинг кои се уништени заради бизнис градежни интереси – рече тој.

 

Со овој план, додаде тој,  се узурпира и иднината на преку 500 дечиња кои се дел од спортските клубови во базенот и тениските терени кои се дел од Спортскиот центар. 

Тој потсети дека 55 милиони денари вложи владата на ВМРО-ДПМНЕ во изградба на тениски терени за иднината на македонскиот тенис. 3,5 милиони денари плати Спортскиот центар во комуналии за терените да се легални и да останат за следните генерации. Центарот има многу закупци и спортски клубови кои плаќаат кирија за своето спортско работење, а со тоа целиот Спортски центар остварува приходи во работењето. Таму се вработени и тренери, спортисти и помошен персонал.
Тој повика на 20 август (петок) во 13.00 часот, граѓаните да се појават во општина Карпош и да го спречат злостор со донесувањето на планот.
 
Поврзани содржини