ЗГОЛЕМЕТЕ ГО КАПАЦИТЕТОТ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ! Како да дишете со полн капацитет во време на ковид

Постојат многу фактори кои негативно влијаат на респираторниот систем и можат да доведат до намален капацитет на белите дробови.

1,168

Во овој период на пандемија е особено важно да се обрне внимание на здравјето на белите дробови врз што негативно можат да влијаат многу фактори. Меѓутоа, ако ги следите овие правила, пренесува Гардијан, ќе дишете со полни бели дробови.

Оставете ги цигарите






Пушењето ги уништува белите дробови предизвикувајќи многу проблеми, почнувајќи од мали

незначителни респираторни заболувања па се до канцер. Пушењето дефинитивно влијае на

капацитетот на белите дробови. Дали знаете дека капацитетот на белите дробови ќе се зголеми

за најмалку десет проценти во девет месеци по прекинот на пушењето?

Правете вежби за дишење

Постојат голем број вежби што можете да ги направите за да го одржите здравјето на белите

дробови. Една од нив вклучува седење со рацете поставени таму каде што се сместени белите дробови, потоа вдишувате, го задржувате здивот околу десет секунди, па потоа полека издишувате. Правете ја оваа вежба барем по 15 вдишувања и издишувања, по неколку пати на ден. Може да се изведува во седечка позиција, дури и додека гледате телевизија.

Земајте потребна количина витамин Д

Треба да знаете дека повисокото ниво на витамин Д во телото е поврзано со подобра функција на

белите дробови. Во текот на летото, во зависност од тоа каде живеат, повеќето луѓе добиваат

доволно витамин Д, но во подоцнежните месеци кога сончевата светлина исчезнува, препорачливо е да се земаат суплементи. Витаминот Д може да се најде и во намирници како што се

мрсните риби, жолчки и црвено месо.

Пејте

Ако сте еден од многуте луѓе кои сакаат да пеат под туш, можеби имате среќа, бидејќи пеењето

може да им помогне на вашите бели дробови. Според ајурведските лекари и терапевти, пеењето

е задолжително и особено корисно за пациенти со респираторни заболувања.

Бидете активни

Знаете дека со дишењето како биолошки процес се внесува кислород во телото, а се исфрла

јаглерод диоксидот. Додека вежбате, овој процес се случува побрзо и ги прави вашите бели

дробови посилни и поефикасни.

Правилно седете

Долготрајното неправилно седење може да го намали капацитетот на белите дробови, бидејќи

неправилната положба има тенденција да ги компресира белите дробови. Седнете исправено за

да го обезбедите најдобриот можен капацитет на белите дробови. Доброто држење на телото,

исто така, може да помогне против болки во грбот.

Потребен ви е свеж воздух

Ако живеете во град, изложеноста на загаден воздух е неизбежна. Дури и краткорочното

загадување може да влијае на белите дробови. Користете ја секоја можност за да излезете и да

се ослободите од прашината во станот и во градот. Одгледувањето растенија во домот може да ви

помогне да го одржите воздухот свеж. Во деновите кога нивото на загадување е ниско,

задолжително отворете ги прозорците.

Редовно чистете ги дишните патишта

Користете ја древната техника Џала нети. Станува збор за древна техника за чистење на носот со помош на солена вода.

Овој метод се практикува во јогата и ајурведата илјадници години, за добро духовно и физичко здравје. Има корисен ефект врз здравјето на носот, грлото, белите дробови, очите, ушите и ја подобрува душевната и духовната активност.

Фото: Unsplash

Поврзани содржини