Зголемени злосторствата од омраза против Кинезите – тие се удирани, плукани и навредувани на улица

Во првите три месеци од 2020 година, за време на кризата со ковид-19 беа пријавени најмалку 267 злосторства, вклучувајќи напади, грабежи и вознемирување.

634

Злосторствата од омраза против Кинезите во Велика Британија се зголемија за време на пандемијата на коронавирусот, објави полицијата на Велика Британија.

Во првите три месеци од 2020 година, за време на кризата со ковид-19 беа пријавени најмалку 267 злосторства, вклучувајќи напади, грабежи и вознемирување.






Жртвите опишаа дека биле удирани, плукани и вербално малтретирани на улица поради коронавирусот откако бил пријавен првиот случај во Кина.

Стапката на криминал од омраза врз Кинезите меѓу јануари и март беше скоро три пати поголема од претходните две години, според податоците објавени од британската полиција, пренесе „Skynews“.

Џереми Ву, студент и медицински техничар кој работи во Велика Британија, рече дека се соочил со дискриминација кај некои пациенти и колеги, при што еден колега го прашувал зошто не се вратил во својата земја со својот вирус.

Ву рече дека плачел пред да заспие и дека се чувствува осамен затоа што нема со кој да разговара за ова чувствително прашање.

– Порано или подоцна, луѓето ќе сметаат дека е смешно да ги поврзуваат со пандемичниот вирус одредена група, како што се луѓето со ХИВ и ЛГБТ заедницата во 80-тите – рече тој.

Мајкл Чиу, 22-годишен студент на универзитетот Шефилд Хелам, рече дека бил нападнат поради коронавирусот од страна на луѓе од автомобил кои кон него фрлале овошје.

– Роден сум во Велика Британија и немам апсолутно никаква врска со коронавирусот и уште поважно, вирусот не прави дискриминација на кој било начин и во која било форма. Тоа е едноставно незнаење – истакна тој.

Поврзани содржини