ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ На „Табановце“ се чека еден час, на „Богородица“ 30 минути

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

148

Продолжениот викенд донесе зголемен интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во државата на ГП Табановце е околу еден час, на ГП Богородица за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини