ЗГОЛЕМЕН Е БРОЈОТ НА ВОЗИЛА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ Нема метеж на останатите премини
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила за влез и за излез од Македонија, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања, соопшти попладнево АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.