Зетовска политика за државно ухлебие

Непотизмот како општествен феномен што ги разјадува државните структури е широко распространет во целиот балкански регион. Во Грција, на пример, партијата СИРИЗА на поранешниот премиер Ципрас освои убедлива победа на изборите токму со ветувања дека ќе се справи со раширената корупција и непотизмот, што предизвикуваа големи нездаволства меѓу избирачите. Но и левичарската влада на Ципрас, кој ветуваше дека ќе „го врати секое евро украдено од народот“, набрзо се соочи со истите критики за непотистички вработувања и скандали, и покрај силните ветувања дека ќе се бори против таквите појави.

754

Македонската јавност е веројатно веќе презаситена од бројните „скандали“ со државните функционери кои овозможуваат масовно вработување на блиски роднини на клучни функции. Или ја злоупотребуваат својата позиција да им обезбедат профитабилни бизниси, ексклузивнио деловни простори, грантови и многу други нешта до кои оние што не се блиски до власта, без оглед на нивните компетенции и квалификации, не можат ни од далеку да припарат.

Опозицијата остро го критикува тоа, но што се случува по промената на власта. Ништо посебно, барем според досегашните искуствата, практиката на таквото однесување продолжува. Победничките партии меѓусебе ги делат функциите, кои потоа се ползуваат како лост за забрзано поткревање на матерјалниот статус, и за семејно, роднинско и пријателско офајдување од државниот буџет. Едновремено, големото мнозинство граѓани и избирачи продолжуваат да учествуваат како споредни статисти во новата сезона на истата тв-серија.






Непотизмот како општествен феномен што ги разјадува државните структури е широко распространет во целиот балкански регион. Во Грција, на пример, партијата СИРИЗА на поранешниот премиер Ципрас освои убедлива победа на изборите токму со ветувања дека ќе се справи со раширената корупција и непотизмот, што предизвикуваа големи нездаволства меѓу избирачите. Но и левичарската влада на Ципрас, кој ветуваше дека ќе „го врати секое евро украдено од народот“, набрзо се соочи со истите критики за непотистички вработувања и скандали, и покрај силните ветувања дека ќе се бори против таквите појави.

Иако СИРИЗА ветуваше нешто друго, сепак продолжи да ги пласира своите луѓе насекаде во системот. На тапет беа ставени пратеници кои на своите брачни другари им обезбедиле назначувања на високи функции во државни компании, како и претседателот на младинскиот сојуз на СИРИЗА, кој се погрижил да ги вработи во владиниот кабинет својата мајка, братот и девојката. Неговиот брат потоа стана економски советник на премиерот Ципрас, а фокусот на јавноста беше насочен и кон самиот Ципрас, откако медиумите објавија дека неговиот братучед бил вработен како генерален секретар во грчкото МНР, со задача да работи на привлекување странски ивеститори во Грција.

Раширениот клиентелизам, непотизмот и корупцијата според многумина се објаснување за добар дел од економските проблеми што ги има Грција. Премногу долго биле поважни семејните врски и пријателските услуги отколку компетенцијата и постигнатиот резултат во работењето. Ципрас не направи многу да ги смени тие состојби, ниту пак актуелната влада на Мицотакис привлекува внимание со повисоки резултати во оваа област, судејќи според разните меѓународни истражувања и рангирања на коруптивно однесување.

Грција, се разбира, не стрчи на посебен начин во регионот, видејќи тешко дека може да се најде некој премиер или друг висок државен функционер во балканските земји, кој не се погрижил барем дел од своите роднини и пријатели, и партиски пајаташи, да ги згрижи на државни јасли. Некои места постојано остануваат резервирани за сопруги, синови, снаи или братучеди. Компетенцијата неретко се мери според тежината на семејните и пријателските врски и незаситни апетити.

Но, на непотизам не се имуни ниту најразвиените демократски општества. Шведскиот премиер Улф Кристерсон пред извесно време беше изложен на крикити, откако како национален советник за безбедност бил назначен негов другар од детството. И тоа без да биде објавен оглас за вработување. Главниот изговор што можеше да се слушне од владиниот кабинет беше дека одлуката за ова назначување ја потпишал премиерот, но дека предметот бил „чувствителен и подразбирал итна постапка“. Компетенцијата на назначениот советник не беше оспорена во медиумите, но фактот дека премиерот без распишан конкурс го вработил својот другар од детството тешко дека може да наиде на симпатии во пошироката јавност.

Шведска, заедно со другите скандинавски земји, редовно се наоѓа на врвот на рангирањата што ги прави „Транспаренси интернешанал“, како една од земјите во глобални рамки со најмало ниво на корупција. Но познавачите на состојбите укажуваат дека токму непотистичките злоупотреби се најчест вид на коруптивно однесување, онаму каде што се забележуваат такви девијации во шведското општество.

Се разбира, обемот на таквото однесување сепак не е директно споредлив со состојбите на Блаканот. Доколку, на пример, шведскиот премиер би си дозволил да ја (зло)употреби својата политичка моќ и влијание за да им обезбеди клучни позиции во државната администрација на своите деца, да и помогне на својата сопруга да направи молскавичен скок во кариерата, или да ги вработи своите братучеди во владиниот кабинет, без оглед на нивната компетенција, тоа би значело и негова оставка, или барем сигурен почеток на брзиот крај на неговата премиерска функција. Прагот на толеранција не може постојано да се крева. Во спротивно пораката што ќе биде испратена до јавноста, дека неказнивоста е можна, ќе предизвика деморализирање, разочарување и недоверба меѓу избирачите во ситемот и институциите. А таквите предизвикани штети и пукнатини во јавното мислење тешко се компензираат.

Во ЕУ често наидува на критики фаворизирањето на роднини и пријатели на јавни функции. Токму затоа во Европскиот парламент е забрането европратениците да вработуваат свои роднини како политички асистенти, бидејќи се смета дека такви вработувања всушност претставуваат несоодветно користење на даночните средства на граѓаните на Унијата. Нема да зачуди доколу овие прашања повторно се најдат во кампањата за изборите во ЕУ, што ќе се одржат од 6-9 јуни годинава.

Зетовска политика. И пријателска корупција. Таков израз користат Швеѓаните кога зборуваат за непотизмот. Таков израз несомнено мошне добро одговара и за означување на политиката за која при назначувањата и вработувањата здушно се залгаат државните функционери во Македонија, штедро давајќи им привилегии на своите најблиски.

Македонските партии забрзано се подготвуваат за параламентарни избори. Ќе биде интересно да се слушне со кави ветувања за „беспоштедна“ борба против корупцијата и непотизмот и овојпат ќе излезат пред избирачите. Сите партии, се разбира, не само опозицијата, која настапува со голема увереност дека ќе ја преземе власта.

Но уште поинтересно е прашањето дали се уште има такви меѓу македонските избирачи кои искрено веруваат дека таквите ветувања навистина ќе бидат исполнети, откако, по изборите, партиските ножови и вилушки ќе почнат алчно да го делат државниот колач.

Поврзани содржини