ЗЕТ СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО Тенисерката Симона Халеп се омажи за милијардерот Тони Јурук (ФОТО)
„Прекрасно беше и многу сум емотивна. Ова се поинакви чувства од освојувањето на гренд-слем титула“, напиша 29-годишната Халеп, која досега ги освојуваше и Ролан Гарос и Вимблдон.
Една од најдобрите тенисерки на светот, Симона Халеп, се омажи за романскиот бизнисмен Тони Јурук, кој пак, е Влав со потекло од Македонија.
Тие направија приватна церемонија во градот Констанца, а Халеп објави фотографии од венчавката на социјалната мрежа Инстаграм.
„Прекрасно беше и многу сум емотивна. Ова се поинакви чувства од освојувањето на гренд-слем титула“, напиша 29-годишната Халеп, која досега ги освојуваше и Ролан Гарос и Вимблдон.
Инаку, и самата Симона Халеп влече потекло од Македонија, бидејќи нејзините предци мигрирале во Романија од битолското село Маловишта. Таа во повеќе наврати изјавува дека нејзините влашки врски се многу силни и дека ако некогаш стапи во брак, тоа ќе го стори исклучиво со Влав.
Симона Халеп и Тони Јурук, кој е роден во Македонија, се во врска веќе три години.
