ЗЕМАШ КАМПЕРСКО СТОЛЧЕ И СИ СЕДНУВАШ ПРЕД ВУЛКАНОТ Ројтерс објави живописни снимки од црвените реки на Мауна Лоа

За среќа, лавата останува на 5 километри од блискиот автопат па нема да ги загрози љубопитните жители.

164

Десетици луѓе на Хаваите со своите семејства и деца во пижами поставуваат камперски столчиња за да го гледаат еруптирањето на Мауна Лоа, најголемиот активен вулкан на светот. Ројтерс објави снимка од пламените јазици во неверојатни црвени тонови. За среќа, лавата останува на 5 километри од блискиот автопат па нема да ги загрози љубопитните жители.

 






Лавата патува со 40 метри на час, а извира на 4.196 метри над Тихиот Океан. Тоа е висина приближно колку високите врвови на Аплите. Агенцијата за управување со вонредни состојби на Хаваите соопшти дека отворила две засолништа на островот како мерка на претпазливост, но не издала никакви наредби за евакуација.

Поврзани содржини