Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. и епицентар на 41 км западно од Скопје е регистриран синоќа во 21.18 часот во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML2.4, а беше почувствуван од населението на Гостивар, Тетово и околината, наведуваат од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ