Земјотрес во Македонија, епицентарот близу Кичево

536

Земјотрес со јачина од околу 3 степени по Рихтер ја стресе западна Македонија во 11 часот и 34 минути.

Како што известуваат од ЕМСЦ земјотресот е лоциран на 8км од Кичево, на длабочина од 2 километри.






Земјотресот, бил со локална Рихтерова магнитуда 2,7 а беше почувствуван од населението во Кичево и околината со интензитет III – IV степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС), прецизира Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска на 31.1.2021 година во 11 часот и 24 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 70 колометри југозападно од Скопје и потекнуваа од кичевското епицентралното подрачје“, се наведува во соопштението за јавноста.

Поврзани содржини