ЗЕМЈОТРЕС УТРОВО Е ПОЧУВСТВУВАН ВО ЈУГОЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА Епицентарот бил во Албанија
Епицентарот на земјотресот потекнува од Република Албанија, на околу 158 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.5.
Во југозападните делови на земјава утрово во 5.04 часот е почувствуван земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
Епицентарот на земјотресот потекнува од Република Албанија, на околу 158 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.5.
Нема информации за штети.