ЗЕМЈОТРЕС ОД 2,7 СТЕПЕНИ ГИ ВОЗНЕМИРИ ТЕТОВЦИ Епицентарот е на 39 километри од Скопје

526

Земјотрес со јачина од 2,7 степени предмалку е регистриран во тетовскиот регион. Според податоците од ЕМСЦ, земјотресот бил на длабочина од 5 километри.

Податоците од телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија попладнево во 16.14 часот укажуваат на регистриран земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML 2.7.






Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и во блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Поврзани содржини