ЗЕМЈОТРЕС ГО СТРЕСЕ ОХРИД Епицентарот е во Грција, скалата покажа 3,7 степени
Земјотрес со јачина 3,7 по Рихтер почувствуван во делови од Македонија.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија вечерва во 19 часот и 50 минути регистрира земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3,7, чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Грција, околу 100 километри југоисточно од Скопје.
Според првичните информации од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил почувствуван и во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Сеизмолозите апелираат до граѓаните да останат смирени, да ги следат официјалните информации и да ги почитуваат упатствата за постапување при земјотрес.