ЗЕМЈОТРЕС ГИ ВОЗНЕМИРИ ЖИТЕЛИТЕ НА ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ ВО ЗЕМЈАВА Епицентарот бил во Преспа со јачина од 3,8 степени

Освен вознемиреност кај граѓаните, според првичните податоци, материјални штети не се пријавени, се посочува во соопштението од Сеизмолошката опсерваторија.

473

Земјотрес со интензитет од 3,8 степени е почувствуван ноќеска во Охрид, Струга, Ресен, Битола и Кавадарци. Епицентарот на земјотресот бил во Преспа, на 120 километри од Скопје. Земјотресот предизвика вознемиреност кај граѓаните, а според првичните податоци, материјални штети не се пријавени.

Земјотресот е почувствуван во 00.30 часот со епицентар на 120 km јужно од Скопје, во епицентралното подрачје Преспа, со Рихтерова локална магнитуда ML3.8.






„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Битола, Кавадарци и околината со интензитет од III степени според истата скала. Освен вознемиреност кај граѓаните, според првичните податоци, материјални штети не се пријавени“, се посочува во соопштението од Сеизмолошката опсерваторија.

Поврзани содржини