ЗЕМЈИТЕ НА COP26 САМИТОТ ПРЕД КОНЕЧЕН ДОГОВОР Еве на што се обврзуваат светските лидери
Многу големи нафтени компании реагираат, многу земји не се подготвени, а за посиромашните се предвидени субвенции. Некои земји, како Кина, се спротивставија скоро на сè. Во меѓувреме, во светот изумреа големите корални гребени во океаните, затоа што температурите веќе се пораснати за 2 степени.
Над 100 земји од светот успеаја, барем делумно, да се договорат околу основните грижи за глобалното затоплување. Како што светскиот СОР26 самит во Глазгов се наближува до својот крај, (остануваат уште неколку часови), беа договорени неколку работи, јавува Би-Би-Си. На сите им е јасно дека климата не смее да се зголеми за 1,5 степени во следните 10 години, дека шумите мора да престанеме да ги сечеме, а малку потешко одеа разговорите околу исфрлањето на нафтата, јагленот, горивата …
Изумреа коралните гребени, но имa уште надеж
Новата разврска на преговорите значи дека земјите можеби и ќе добијат екстра-време да преговараат. Антонио Гутереш, шефот на ОН е песимист дека земјите ќе се договорат, особено поради фактот што за мерките да имаат ефект светот ќе треба глобалните емисии на CO2 да ги намали на пола, односно на 45 отсто до 2030 година, а на нула до 2050 година.
Многу големи нафтени компании реагираат, многу земји не се подготвени, а за посиромашните се предвидени субвенции. Некои земји, како Кина, се спротивставија скоро на сè. Во меѓувреме, во светот изумреа големите корални гребени во океаните, затоа што температурите веќе се пораснати за 2 степени.
Што точно е договорено на COP26?
Досега се објавени низа договори меѓу некои земји:
- Во изненадувачка објава, САД и Кина се согласија да работат заедно оваа деценија за да го ограничат порастот на глобалната температура на 1,5 Целзиусови степени.
- Повеќе од 100 светски лидери ветија дека ќе стават крај и ќе го поништат уништувањето на шумите до 2030 година, вклучително и Бразил, дом на прашумите во Амазон.
- САД и ЕУ објавија глобално партнерство за намалување на емисиите на стакленички гас метан до 2030 година – намалување на метанот во атмосферата што се смета за еден од најдобрите начини за брзо намалување на глобалното затоплување
Повеќе од 40 земји се обврзаа да се оддалечат од јагленот – но најголемите корисници во светот како Кина и САД не се пријавија
– Најавено е дека и парично ќе им се помогне на земјите во развој да се приспособат на климатските промени и да се справат со загубите што ќе им ги донесе откажувањето од јагленот, горивата. Сепак, овие пари се далеку од доволни.
– Направен е и нов сојуз што ги обврзува земјите да одредат датум за ставање крај на користењето нафта и гас – и запирање на издавањето на дозволи за копање и барање на нови наоѓалишта.

И покрај договорот светот ќе се стопли за 2,4 степени?
И покрај ветувањата дадени на COP26 досега, планетата сè уште се движи кон затоплување од 2,4 целзиусови степени над она што било пред во светот да постои каква било индустрија, вели извештајот на „Climate Action Tracker“.
Преговорите се сопнаа околу тоа колку парите побогатите земји треба да им дадат на посиромашните земји за борба против климатските промени. Тоа е контроверзно бидејќи развиените земји се одговорни за повеќето емисии на стакленички гасови, но, од друга страна, земјите во развој ги имаат најлошите бројки кога се споредуваат ефектите од климатските промени.