Земјава се соочува со казна за загадувањето на воздухот од РЕК Битола
Податоците за 2018 и 2019 година, соопшти Инспекторатот, покажуваат неколкукратно надминување на дозволените граници, а тоа е доволно земјава да биде казнета, наведуваат од Државнот инсепкторат за животна средина.
За непочитувањето на Договорот со Енергетската заедница земјата најверојатно годинава ќе плаќа казни, наместо навреме да ги направи потребните инвестиции за намалување на емисиите на штетни гасови од ТЕЦ Битола, констатира Државниот инспекторат за животна средина чии инспектори деновиве извршија надзор на емисијата на штетни гасови во РЕК Битола.
Инспекторите, утврдиле дека емисиите на прашина и сулфурен диоксид што се мерат на двата оџака на термоелектраната ги надминуваат граничните вредности, а надминати се и максималните вкупни емисии што се утврдени со Националниот план за намалување на емисиите кој произлегува од Договорот со Енергетската заедница.
Податоците за 2018 и 2019 година, соопшти Инспекторатот, покажуваат неколкукратно надминување на дозволените граници, а тоа е доволно земјава да биде казнета
„Во 2018 година наместо да се постигнат 15,855 тони сулфур диоксид, реалните емисии биле 53.855 тони, или надминувањето на максималната утврдена вредност („плафон”) изнесувало 3,40 пати. Во 2019 година лимитот од 15.855 тони сулфур диоксид е надминат 6,81 пати, а емисиите изнесувале 108.033 тони. Во 2018 година лимитот на емисии на прашина од 1.738 тони е надминат 2,06 пати, а во 2019 година а во 2019 година истиот е надминат 2,17 пати“ се наведува во соопштението од направениот увид.
Инспекторите по увидот на извештаите од мерењата на концентрациите за последните шест месеци на три мерни места (селата Дедебалци, Гнеотино и Рибарци) не регистрирале отстапувања од дозволените концентрации за ПМ 10 и ПМ 2,5, сулфур диоксид и азот диоксид во РЕК Битола.
Од инспекторатот соопштија и дека е потребно РЕК Битола да инвестира во десулфуризаија или друга соодветна метода за да ги намали емисиите на сулфур диоксит во воздухот кои се многу штетни како за здравјето на луѓето така и за животната средина и живиот свет.
За намалување на емисиите на сулфур диоксид (преку десулфуризација или друга соодветна метода), потребни се околу 180 милиони евра што не се обезбедени, ниту е познат изворот на финансирање
– Не се обезбедени 180.000.000 евра колку што се потребни за оваа инвестиција, ниту пак се познати изворите за финасирање – наведуваат од инсепкторатот.
Инспекторатот бара РЕК Битола да ги намали и емисиите на прашина со замена на филтрите која е во тек на јавна набавка и соодветно да го складира и обележува опасниот отпад како и да ја заврши изведбата на платото за складирање на искористена амбажажа од отпадни масла
РЕК Битола сѐ уште нема добиено дозвола за усогласување со оперативен план, а рокот за нејзино издавање е истечен во 2019 година.
„Со Законот за животна средина што е во собраниска процедура се продолжува рокот, што ќе овозможи Нацрт А дозволата за усогласување со оперативен план, која е во финална фаза, да биде веднаш издадена“, се наведува во соопштението на Инспекторатот за животна средина.