ЗЕМЈАТА Е НАЈСИЛНА КОГА ЗАЕДНИЦИТЕ СЕ ВО ХАРМОНИЈА Вреди ги честиташе Бадник и Божик

Нека празничниот дух донесе радост, мир и благосостојба во секој дом, градејќи мостови на солидарност и разбирање меѓу сите заедници. Овие празници се потсетник дека нашата земја е најсилна, кога сите заедници живеат во хармонија и се поддржуваат едни со други, се наведува во честитката на „Вреди“.

211

Коалицијата Вреди вечерва упати честитки до сите верници од православна вероисповед по повод празниците Бадник и Божик.

„Овие денови се симбол на заедништво, љубов и човечност – вредности што ни се потребни повеќе од кога било. Нека празничниот дух донесе радост, мир и благосостојба во секој дом, градејќи мостови на солидарност и разбирање меѓу сите заедници. Овие празници се потсетник дека нашата земја е најсилна, кога сите заедници живеат во хармонија и се поддржуваат едни со други“, се наведува во честитката на Вреди.






Како што се додава, Вреди ќе продолжи да се залага за праведно и еднакво општество, каде почитта кон различностите е нашата најголема сила.

 

Поврзани содржини