ЗЕЛКАТА ВО СТРУМИЧКО СКАПУВА ПОРАДИ НЕСПОСОБНОСТА НА ВЛАСТА Откупната цена од 15 денари по килограм е далеку под производната вели Трипуновски

Откупот е некаде на половина, односно останат е неоткупен голем дел од произведената зелка - изјави дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

246
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Василево каде што оствари повеќе средби со земјоделците од струмичкиот регион.

Во моментов зелката се откупува за 15 денари што е далеку под производната цена.

– Целта на мојата посета е падот на откупната цена на зелката, иако на почетокот стартуваше со 30-тина денари за килограм, денеска откупната цена се движи околу 15 денари, што е далеку под производната цена. Според информациите до коишто дојдовме откупот е некаде на половина, односно останат е неоткупен голем дел од произведената зелка – изјави Трипуновски.

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство посочи дека мора да се најде начин да се договори цена што ќе биде прифатлива за земјоделците.

– Барем во овие последни денови министерот Николовски и Владата во заминување не треба да ги остават македонските земјоделци, да најдат начин, да седнат со откупувачите, да договорат цена којашто е прифатлива за земјоделците. Тоа земјоделците го заслужуваат – дополни Трипуновски.

Во изминативе години постојани се вакви ситуации кога земјоделците своите производи ги продаваат далеку под производната цена.

– Апелирам уште веднаш во текот на утрешниот ден МЗШВ и откупувачите да седнат и да направат стратегија како понатаму ќе се движи откупот на зелка. Доколку не се способни, доколку не сакаат, доколку се незаинтересирани барем нека не остават нас да покажеме како навистина се води земјоделска политика. ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план, визија и стратегија како во иднина да нема вакви проблеми за македонските земјоделци – посочи Трипуновски.

Поврзани содржини