„ЗЕЛЕНСКИ СЕ ПОКАЖА КАКО КРВОЛОЧНО ЧУДОВИШТЕ“ Прво ги уништи своите, па сега тргна по странците
Володимир Зеленски, кој најави дека сака да испрати странски воен персонал во Украина, се покажа како крволочно чудовиште, бидејќи откако веќе ги уништи сопствените граѓани сега планира да ги уништува и странците, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска изјави дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се покажал како „крволочно чудовиште“.
– Володимир Зеленски, кој најави дека сака да испрати странски воен персонал во Украина, се покажа како крволочно чудовиште, бидејќи откако веќе ги уништи сопствените граѓани сега планира да ги уништува и странците – изјави Захарова за руските медиуми.
Руските медиуми потсетуваат дека Зеленски претходно вчера, на состанокот на групата Рамштајн, зборувал за испраќање странски воен персонал во Украина уште пред крајот на конфликтот.
– Тој едноставно ги уништи сопствените граѓани, сега е редот да ги уништи и оние што ги сметаат за негови сојузници. Очигледно самиот се смета за некаков месија, но испадна дека е крволочно чудовиште – рече Захарова.