ЗЕЛЕНСКИ САНКЦИОНИРАШЕ 185 КОМПАНИИ И ЛИЦА „Сите кои превезуваат опрема во име на Русија ќе бидат казнети“
Тој додаде дека конфискуваниот имот ќе се користи во корист на украинската одбрана во војната.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе санкции за 185 компании и поединци кои ја поддржуваат руската војна, која трае веќе 12 месеци.
– Фирмите и бизнисмените кои превезуваат персонал и воена опрема со железница во име на државата агресор ќе бидат казнети – рече Зеленски во вечерното видео обраќање.
Тој додаде дека конфискуваниот имот ќе се користи во корист на украинската одбрана во војната.
На санкционираната листа има 182 компании, меѓу кои и белоруски кои ѝ помагаат на Русија со испораки.
Зборувајќи за изгледите за воена помош од Западот, тој нагласи дека на Украина итно и требаат ракети со поголем дострел за да се одвратат таквите напади.