СНИМКИ ОД СООБРАЌАЈКАТА КОЈА ЗЕЛЕНСКИ ЈА ПРЕЖИВЕА Несреќата се случила во Киев утринава

Возило се судрило со автомобилот на Зеленски, но и со други автомобили од неговата колона со возила. Возачот е пренесен во болница.

1,098

Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше сообраќајна несреќа во Киев, информираше неговиот портпарол Сергиј Никифоров рано изутринава, јави ДПА. Како што појасни Никифоров, возило се судрило со автомобилот на Зеленски, но и со други автомобили од неговата колона со возила.

Снимка од несреќата се појави на Твитер.

 






На друга снимка објавена на Телеграм се гледа како екипи на брзата помош му ја преврзуваат главата на лице кое е во крв.

Тој додаде дека Зеленски бил прегледан од лекар и дека немал повреди при несреќата.Медицински лица го пренеле возачот на другото возило во болница.

Полицијата го истражува инцидентот.

Зеленски вчера го посети повторно ослободениот град Изум во источниот дел на Украина.

Поврзани содржини