ЗЕЛЕНСКИ ОДБИЛ МИРОВНА ПОНУДА ДЕНОВИ ПРЕД ВОЈНАТА? Шолц го убедувал да потпише неутралност, а Бајден и Путин да гарантираат

Пет дена пред да избие конфликтот на 24 февруари, Шолц во Минхен му рекол на Зеленски „дека Украина треба да се откаже од своите аспирации за НАТО и да прогласи неутралност како дел од поширокиот европски безбедносен договор меѓу Западот и Русија“ , пишува весникот. Весникот, исто така, тврди дека „договорот ќе биде потпишан од г-дин Путин и г-дин Бајден, кои заеднички ќе ја гарантираат безбедноста на Украина“.

3,820

Германскиот канцелар Олаф Шолц му понудил на Володимир Зеленски шанса за мир преку прогласување на неутрална Украина само неколку дена пред започнувањето на руската воена офанзива, но украинскиот претседател ја одбил идејата, пишува Волстрит журнал во своја статија. Шолц го направил она што американскиот медиум го опиша како „последен притисок за спогодба меѓу Москва и Киев“.

Пет дена пред да избие конфликтот на 24 февруари, Шолц во Минхен му рекол на Зеленски „дека Украина треба да се откаже од своите аспирации за НАТО и да прогласи неутралност како дел од поширокиот европски безбедносен договор меѓу Западот и Русија“ , пишува весникот. Весникот, исто така, тврди дека „договорот ќе биде потпишан од г-дин Путин и г-дин Бајден, кои заеднички ќе ја гарантираат безбедноста на Украина“.






Сепак, Зеленски ја отфрлил понудата да направи отстапка и да избегне конфронтација, велејќи дека „не може да му се верува на Путин дека ќе го поддржи таквиот договор и дека повеќето Украинци сакаат да се приклучат на НАТО“, пишува весникот, без да ги открие своите извори за овие информации.

„Неговиот (на Зеленски) одговор ги остави германските власти загрижени дека шансите за мир исчезнуваат“, се посочува во статијата.

Шолц и Зеленски навистина се сретнале тој ден на маргините на Минхенската безбедносна конференција, на која секој имаше свое обраќање. Имаше ли навистина шанса да се избегне војната?

Русија ја нападна Украина пет дена подоцна. Како причини за војната се наведуваат и неисполнетите договори од Минск од 2014 година потпишани со посредство на западните земји, а кои Украина не ги спроведе.

Поврзани содржини