ЗЕЛЕНСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД ГРАНАТИРАЊЕТО НА ЗГРАДА Загинаа 11 лица во Дом на културата близу Харков
Окупаторите ги земаа културата, образованието и човештвото за свои непријатели. Тие ги гаѓаат со проектили и бомби. Што им е во умот на луѓето кои избираат вакви цели (за гранатирање)? Апсолутно зло, апсолутна глупост, напиша Зеленски.
Единаесет лица загинаа по ракетирањето на градот Лозова во украинската област Харков, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. На снимката на Фејсбук се гледа облак од чад кој се издига над зградата погодена од проектил, јавува Индекс.
Претседателот изјави дека е зафатена зградата на Домот на културата и дека загинале 11 лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете.
„Окупаторите ги земаа културата, образованието и човештвото за свои непријатели. Тие ги гаѓаат со проектили и бомби. Што им е во умот на луѓето кои избираат вакви цели (за гранатирање)? Апсолутно зло, апсолутна глупост“, напиша Зеленски.