ЗЕЛЕНСКИ МУ НУДИ ПОМОШ НА ЛОС АНЏЕЛЕС 150 украински пожарникари се спремни да се борат со пожарите во Калифорнија

Понудивме наша помош на американската страна преку релевантни канали, 150 наши пожарникари се веќе подготвени, напиша украинскиот претседател на Икс.

248

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека пожарникарите од неговата земја се подготвени да помогнат во борбата со пожарите во Калифорнија.

„Денеска дадов инструкции на украинскиот министер за внатрешни работи и на нашите дипломати да се подготват за можно учество на наши спасувачи во сузбивање на пожарите во Калифорнија. Понудивме наша помош на американската страна преку релевантни канали, 150 наши пожарникари се веќе подготвени“, напиша Зеленски на Икс.






Тој рече дека ситуацијата во Калифорнија е „исклучително тешка и Украинците можат да им помогнат на Американците во спасување на животи“.

 

 

Поврзани содржини